Centar.mk
фото: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Сектор за комуникации и односи со јавноста
МАКЕДОНИЈА

Започна кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“

Пратеничките денеска ја започнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“, излегоа на терен и делеа информативен флаер на граѓаните кој беше изработен на иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со цел директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките.

Во непосредна комуникација со луѓето разговараа за важноста од препознавање и пријавување на насилство, како и за потребата од посилна институционална поддршка.
Пратеничките истакнаа дека непосредниот контакт со граѓаните е важен затоа што овозможува размена на информации, но и слушање на реалните проблеми и предизвици со кои луѓето се соочуваат. Тие нагласија дека секој граѓанин треба да знае каде може да се обрати и каква поддршка постои доколку се соочи со насилство.

Акцијата предизвика позитивни реакции, а многу граѓани изразија поддршка за активностите и охрабрување за продолжување на вакви јавни контакти и информирање.
Ова е само една од серијата активности кои ќе продолжат во следните денови во рамките на кампањата.

фото: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Сектор за комуникации и односи со јавноста

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК