Министерството за надворешни работи во моментов нема информации за објавите во британските медиуми поврзани со смртта на 39 лица во камион, за кои се тврди дека дошле од Бугарија во Велика Британија, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи.
„Нашата амбасада во Лондон е во контакт со локалните власти и го разгледува случајот“, велат од Министерството, пренесе бугарската агенција „Фокус“.
Претходно денеска, британската полиција пронајде 39 тела на мажи во камион што во Велика Бтитанија пристигнал од Бугарија./Makfax
Спонзорирано: