Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Уживајте во сонцето уште малку: Драстична промена на времето од следната среда

До крајот на месецов, очекувајте топло време со температури меѓу 24 и 26 степени.

Прогноза за 25.10.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 22°С до 29°C
Сончево и топло со слаб ветер од источен правец.

Прогноза за 26.10.2019
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 27.10.2019
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Сончево и топло со слаб северен ветер.

Значително опаѓање на температурите се очекува следната среда кога температурата ќе изнесува околу 18 степени целзиусови.

Од четврток 31 октомври, се очекуваат и врнежи од дожд кои ќе траат се до понеделник, 4 ноември. Температурите ќе се спуштат на 16 степени.

Од 5-ти ноември се очекува драстично заладување кога температурите ќе паднат меѓу 8 и 10 степени.