22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се исправам пред вас и јасно и одлучно порачувам, европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен

Премиерот Зоран Заев на прес конференција која што се оддржа предмалку во Владата порача дека е разочаран од одлуката на ЕУ да не добиеме датум за преговори и повика на избори.

Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда, ЕУ не ни го испорача тоа што ни го вети. Ние ги исполнивме нашите обврски, а тие не си остана на зборот и не испорачаа.

Тоа што е ЕУ не ни даде преговори е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери. Денеска сакам јавно да се заблагодарам на европските лидери кои застанаа зад нас.

Факт е дека ние сме жртви на историска грешка кај ЕУ, и тоа кај нас предизвикува огорченост. Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ така се чувствува. затоа гневот и лутината на народот ги чувствувам како уште една лузна. За мене ова е исклучително лоша и неправедна постапка. Тоа е одлука на ЕУ заради нивни нерешени работи, таа одлука ние не можевме да ја промениме.

Сепак ние сме одговорни за сопствените одлуки., порача премиерот Зоран Заев.

– Ја превземам врз себе разочараноста. Се исправам пред вас и јасно и одлучно порачувам, европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен. Европскиот сон на македонците, албанците, србите, ромите и бошњаците и сите други нема да биде срушен. Затоа почитувани граѓани одговорно се исправам пред вашата одлука. Сега е потребен вашиот став. И затоа мојот предлог е организирање на брзи предвремени избори, избори најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Токму ова ќе биде мојт предлог на утрешната лидерска средба. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат за демократски и европски вредности, патот што води напред или да одиме по мрачниот пат, патот на национализам и поделби, патот што води назад, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T