Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Прогноза за 01.11.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, а во југозападните делови од земјата променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 02.11.2025
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во Повардарието умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 03.11.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно облачно, со услови за краткотраен локален дожд во вечерните часови во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА – Четири здравствени дома добиваат амбулантни возила

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ШЕСТ ДЕНА – Од 15 ноември задолжителна е зимската опрема, еве што мора да имате

ДЕСК

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК