Centar.mk
БИЗНИС

Минималецот рекордно скокна на 13,90 евра за час – Германците не се шегуваат со работниците

Зголемувањето на минималната плата во Германија е најголемо досега.

На инсистирање на социјалдемократите, владата на СР Германија на состанокот во средата, одлучила сегашната законска минимална плата од 12,82 евра да се зголеми во два чекора – во јануари на 13,90 евра на час и во 2027 година на 14,60 евра.

Германската федерална влада со тоа ја следи препораката на независната Комисија за минимална плата.

Кога минималната плата за прв пат беше воведена во Германија во 2015 година, таа беше 8,50 евра бруто на час. Оттогаш, таа е зголемена вкупно десет пати.

Можеби ќе ве интересира

Телеком ја пушти во употреба првата 5G+ мрежа во Македонија

ДЕСК

ЈУЖНА КОРЕЈА ГИ КАЗНИ GOOGLE И APPLE – Казни од вкупно 47,6 милиони долари

ДЕСК

АИ-ИНДУСТРИЈАТА НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СТРУЈАТА – Податочните центри ја менуваат енергетската мрежа

ДЕСК