23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Марина Абрамовиќ ѝ помогнала на Лејди Гага да се ослободи од дрогата, според српски медиуми

Пејачката Лејди Гага (33) извесен период била зависна од забранети супстанции. Таа се дрогирала, пиела, пушела… Пред десет години таа рече дека е зависна од хероин и консумира марихуана во неверојатни количини. Сепак, сега тој период е зад неа, таа успеала да се извлече од пеколот.

Деновиве српските медиуми објавија дека уметницата Марина Абрамовиќ (72) е заслужна за тоа што повеќе не зема дрога.

„Марина ја носеше Лејди Гага во некоја куќа на Џерси. Таму, колку што сум запознаен, престојуваат луѓе што се симнуваат од дрога. Знам дека лекувањето е чудно и зависниците трчаат голи низ некоја трева. Сепак, тоа ѝ помогна на пејачката и се симна од дрога со помош на Марина“, рече братот на Марина, Велимир Абрамовиќ, пренесува „Експрес таблоид“.

Еднаш Марина рече дека Лејди Гага имала големо влијание врз нејзината кариера.

„Мојот настап се префрли од мал круг луѓе на маса луѓе. Девојчиња и момчиња од 14,15 години, кои никогаш не слушнале за мојот настап, се заинтересираа за мојата работа поради Лејди Гага. Така, влегов во масовна култура“, рече Марина едно време.

Лејди Гага честопати се појавуваше на јавни настани и на црвениот килим со уметницата.

„Јас сум опседната со неа. Таа е толку неверојатна. Таа е толку слободна, отворена…“, рече пејачката во една пригода./Makfax