14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата намамила манијак да пешачи 500 километри за да се сретне со 14-годишно девојче

Маж пешачел 500 километри од предградието на Индијанаполис во Висконси, за да се сретне со девојче за кое верувал дека има 14 години и со кое разговарал на „Фејсбук“, соопшти американското обвинителство.

Наместо тоа, 32-годишниот Томи Ли Џенкинс, всушност, разговарал со полициски инспектор кој работи на интернет-злосторства против децата, се вели во соопштението од канцеларијата на јавниот правобранител на САД во источниот округ Висконсин.

Тој е обвинет за употреба на компјутер за да се обиде да убеди, принуди или привлече малолетничка да се вклучи во незаконска сексуална активност, велат од канцеларијата. Тој се соочува со казна затвор од 10 години до доживотен затвор доколку биде осуден.

„Нашата нација се соочува со епидемија на сексуална злоупотреба на деца, при што интернетот им олеснува на предаторите да комуницираат со децата во целата земја“, се вели во изјавата на адвокатот на Соединетите Американски Држави, Метју Д. Кругер, и се додава: „Министерството за правда е посветено на соработка со федерални, државни и локални агенции за спроведување на законот за агресивно гонење на сексуалната злоупотреба на децата“./Makfax