19-годишно момче било претепано во Скопје. Како што информира полицијата, вчера околу 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Шекспирова’’ во Скопје Ф.В.(19) со тврд предмет бил нападнат од едно лице.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот./Makfax