24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тешка сообраќајка кај Елбасан: Четири жени од погреб во смрт

Четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин.

Спорeд полициското соопштение во сообраќајната несреќа учествувале три автомобили.

-Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени. Жените, кои се на возраст од 30, 55, 60 и 68 години заедно со едно од повредените лица се враќале од погреб. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, поради што возилото во кое биле настраданите се излизгало и удрило во еден, па во друг автомобил и излетало од патот, стои во соопштението.

Инаку во две други сообраќајни несреќи денеска животот го загубиле двајца пешаци а повредени се пет лица.

Годишно по патиштата низ Албанија животот го губат во просек по 250 лица.

Спонзорирано: