24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џафери во Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на св. Кирил“, во Светиот Престол во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од координаторите Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, пратеничката Ирена Стефоска, претседателот на Комисијата за култура, пратеникот Крсто Мукоски, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, државниот скеретар во МНР, Виктор Димовски, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници.

Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај светиот отец на Римокатоличката црква во Ватикан по што Џафери ќе се сретне со папата Франциско и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Претходно, ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што делегацијата на Република Северна Македонија ќе положи венец на гробот на св. Кирил.

Дел од годинешното чествување на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Рим, делегацијата на Република Северна Македонија ќе го реализира заедно со делегацијата на Бугарија.

Делегацијата, предводена од Џафери, ќе присуствува и на молебенот на Бугарија во базиликата „Сан Клементе“, а потоа двете делегации ќе присуствуваат на положувањето цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Во вечерните часови делегациите на Македонија и Бугарија ќе организираат заедничка културна програма на која свој настап ќе имаат уметниците од Република Северна Македонија, Весна Гиновска-Илкова и Дино Имери.

Спонзорирано: