5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Поважни се матните бизнис-зделки отколку заштитата на Охрид

СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО. За Зоран Заев и СДСМ, поважни се матните бизнис-зделки отколку културното и природното наследство на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид првпат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави, како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан.

„УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран урбан развој, несоодветно урбано развивање, како и експлоатација на брегот. Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.

За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО. СДСМ додека беше опозиција, ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но по доаѓањето на власт, го направи спротивното. Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а сè што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби.
СДСМ остана глув на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО, кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина.

Очигледно е дека бизнис-интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природното наследство на Република Македонија.
Скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија. Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт, чиј единствен интерес е како побргу да се збогатат. Токму затоа, СДСМ мора да си замине“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: