Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во некои држави целосно не функционираат, додека во некои земји не функционираат одредени опции.
Корисниците во јужна и југоисточна Англија први се соочиле со проблемите, по што следеле корисниците од САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови од Европа.
И двете социјални мрежи прикажуваат пораки за грешки при обид за нивно користење.
Сè уште не се знае што е причината за проблемите.