Во 12:00 часот во Полицијата во Кочани, 31-годишната Љ.Л. инаку вработена во Јавна општинска установа детска градинка на улицата „9 Мај“, пријавила дека истиот ден околу 08:30 часот, додека била на работа, 33-годишно лице од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.
Во ПС Кочани веднаш е повикано 33 годишното лице и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Спонзорирано: