19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео: Од утре за САД не важи договорот за нуклеарно оружје склучен со Русија

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, објави дека САД од утре ќе го прекинат спроведувањето на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ), објави агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата пренесува дека шефот на Стејт департментот додал дека Вашингтон за шест месеци целосно ќе се повлече од историскиот договор постигнат во 1987 година, доколку Русија не стави крај на наводното кршење на истиот.

„Ројтерс“ потсетува дека Москва негираше кршење на договорот, со кој на двете страни им се забранува во Европа да поставуваат ракети со краток и среден дострел, кои се лансираат од земја.

Спонзорирано: