Најмалку тројца ученици загинаа кога утрово се урна премин меѓу две училишни зградив во училиште во Јоханесбург, изјави властите.
Службата за брза помош, пак, изјави дека најмалку четири лица загинаа и дека најмалку пет лица се сериозно повредени, објави АП.
Претставник од училиштето за тамошните медиуми изјави дека голем број ученици останале затрупани под рушевините.
Засега не е познато што е причината за колапсот на преминот.