24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев, техничка влада и предвремени избори

ВМРО ДПМНЕ излезе со барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада, распуштање на парламентот и организирање на парламентарни избори заедно со претседателските.

Сите овие заклучоци беа донесени на денешните седници на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги соопшти лидерот на партијата Христијан Мицковски.

“Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада, како и иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на парламентарни избори заедно со претседателските”, изјави Мицковски.

Тој истакна дека оваа е едногласна одлука на партсиките тела и како што рече сега е моментот власта да покаже дали “ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а моли бога да не ги добие”. Мицковски не сакаше да прогнозира кои би биле идните чекори на партијата доколку СДСМ сепак одлучат да нема двојни избори пролетва.

Во однос на тоа дали би прифатиле техника влада и со пократок рок од 100 дена, тој изјави дека опозицијата нема намера да прави компромиси со правото.

“Ние нема да правиме компромис со законот, со правото и правдината. Законот е јасен во врска со техничката влада и времетраењето на истата, така што доколку овие исклучоци продолжиме да ги правиме како што ги прави СДСМ тогаш би биле исти како нив и зошто тогаш граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ”, изјави Мицковски.

Спонзорирано: