АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража,крак Маврово- Дебар, на планинскиот премин Буково и на патниот правец Струга – г.п.Ќафасан.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 km/h.
СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег паѓа на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, Струга и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.