24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕУ одобри 305 милиони евра финансиска помош за Тунис

Eвропската Унија одобри 305 милиони евра финансиска помош за Тунис за да им помогне на младите во оваа африканска држава полесно да најдат работа и да го подобри локалниот развој на земјата.

ЕУ изјави дека овој рекорден финансиски пакет ја означува цврстата посветеност на Унијата да им овозможи подобри услови на младите во земјата.

Оваа северноафриканска земја транзитира во демократија кога поранешниот претседател Зине ел-Абидине Бен Али беше отстранет од власт во 2011, а Тунис стана единствената земја опфатена од арапската пролет што избегна конфликт.

Но, економската криза ги вложи условите за живеење, а невработеноста е на високо ниво поради политичката нестабилност и недостигот од реформи, кои ги буквално ги избркаа инвеститорите. Оваа ситуација ја принуди владата да воведе мерки на штедење за да ги задоволи донаторите и кредиторите вклучувајќи го и ММФ.