16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште на самиот почеток падна на испитот – Ѓорчев избега од новинарски прашања

Претседателскиот кандидат Влатко Ѓорчев не дозволи новинарите да му поставуваат прашања откога тие го чекаа 15 минути да ја почне и 13 минути да ја заврши прес-конференцијата. Ѓорчев набрзина, без никакво објаснување, излезе од прес-салата, а по реакцијата на новинарите, кои сакаа да постават прашања, тој одговори: „За прашања во наредните денови, ако сакате, повелете кај мене во кабинетот на кафе“. Неговата реакција ги револтира новинарите што го следеа неговиот говор.

Во текот на неговото образложение за тоа зошто се кандидира за претседател на државата, Ѓорчев ветуваше дека ќе биде достапен за граѓаните, ќе остварува средби со нив, ќе оди во градови и села. Новинарите во прес-центарот на Собранието, по неговата реакција, коментираа дека Ѓорчев паднал уште на првиот испит со тоа што избегал од прашањата на медиумите и не дал одговори на важни теми.

Ѓорчев говореше дека се кандидирал за претседател на Македонија бидејќи ги знаел сите улици, села и градови, иако сегашниот пратеник поднел кандидатура само во матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, која сè уште нема избрано кандидат и не се знае дали ќе го поддржи.

Огласот што го објави ВМРО-ДПМНЕ ќе трае до крајот на месецот. Потоа, на партиска конвенција, ќе биде избран делегатот што ќе биде кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

(Makfax)

Спонзорирано: