Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од Преспа, изјави поранешниот грчки министер за одбрана и лидер на партијата Независни Грци, Панос Каменос, во интервју за грчката телевизија „Стар“.
„Владата на Алексис Ципрас бара гласање недоверба поради преспанскиот договор и токму од оваа причина ја нема нашата поддршка. Се обидов да го променам мислењето на Ципрас“, рече Каменос додавајќи дека ќе сторат сè за да го блокираат договорот од Преспа и ќе учествуваат и на протестите закажани в недела во Атина.
В недела граѓаните што се против договорот повторно повикаа на протести.
Колицискиот партнер и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, во неделата си поднесе оставка и неговата партија ја напушта грчката влада. Преспанскиот договор беше клучната разлика помеѓу коалициските партнери, а Каменос истакна дека со Ципрас не успеале да ги надминат разликите за ова прашање.
Преспанскиот договор помина во македонското Собрание, а следен чекор е ратификувањето во парламентот во Грција.