Македонија е заложник на „Кацарска судството“ кое целосно е ставено во функција на Зоран Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев е единствениот политичар во Европа кој е аболициран за тежок криминал.
„Кацарска судството“ ги погазува правдата и демократијата во земјава и спроведува политички прогон на неистомислениците на картелот предводен од Зоран Заев. Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт. Криминалниот картел на Заев преку политичката хајка против Груевски сака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет, која ја отсликува неспособноста на власта“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партиското „Кацарска судство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во срамен и монтиран случај го осуди Никола Груевски за непостоечко дело, додека Зоран Заев ја ограбува државата и ги продава името, идентитетот, јазикот, традицијата, историјата.