20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За само два дена 16 возачи управувале возило под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во вечерните часови во изминативе два дена спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената на подрачјето на Скопје, соопштија од МВР.

Од полицијата велат дека од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 130 возачи, a кај 16 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози, додаваат од МВР.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 60 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 56 мандатни налози и четири прекршочни платни налози, наведуваат од полицијата.