Не го фрлајте стариот леб! Подгответе вкусна и едноставна пита…
Состојки:
1 бајат леб
1/2 л јогурт
2 пакувања кисела павлака Пекабела
4 јајаца
5 лажици масло
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Во јајцата ставте сол и матете со жица. Додајте масло, па прашок за печиво. Додајте ги и останатите состојки и добро разматете.
Во намастен плех наредете коцки леб и прелијте ги со смесата која претходно сте ја направиле.
Посипете сусам или морска сол од горе.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ја питата да се пече околу 35 минути.
Кога ќе биде готова, питата прекријте ја со крпа и оставете ја петнаесетина минути пред послужување.
Добар апетит!