Поради анонимна дојава за поставени мини во повеќе локации во Новосибирск и Краснојарск, евакуирани се голем број луѓе, соопшти Прес-службата на локалниот огранок на руската гарда.
Полицијата во Новосибирск и Краснојарск потврдија дека примиле дојави, но не прецизираа за кои локации станува збор.
„Анонимни лица јавија дека се поставени мини на околу седум локации во Новосибирск и на неколку места во Краснојарск. Руската гарда, заедно со полицијата и приватните безбедносни компании, ја проверуваат информацијата. Повиците продолжуваат“ соопштија од Прес-службата.
Жителите на Новосибирск на социјалните мрежи пишуваат за евакуацијата од неколку трговски центри. Жителите пак од Краснојарск пишуваат дека луѓе се евакуираат од аеродром, железничка станица, од еден трговски и еден деловен центар.
Дојави за бомби на јавни места, вчера беа регистрирани во Иркустск, Омск, Томск, Кемерев, Улан-Удау и Барнаулу, но полицијата таму не најде никаков експлозив.