Џуди Обрегон има златно срце. Често оди на прошетка покрај езерото Ехо во Тексас, а причината е неверојатна.
Езерото Ехо е место каде сопствениците ги оставаат своите кучиња кога ќе им здосадат.
Џуди пронашла неколку осамени и преплашени кучиња во тоа подрачје.
Кон крајот на март минатата година, пронашла нешто што допрело до многумина.
Џуди забележала како нешто се придвижува во ендек и го запрела автомобилот. Кога излегла надвор, слушнала куче како цвичи.
https://www.facebook.com/taoanimalrescue/videos/1373908142672391/?t=0
Кога малото кученце ја видело Џуди било пресреќно. Пришло до неа и ја ставило главата во нејзините раце.
Џуди забележала дека кучето има јаже околу вратот кое било врзано за дрво, но некако успеала да го ослободи.
Некој го оставил и малото кученце тука да умре, покрај телата на другите кучиња.
Џуди сакала што побргу да го одведе кучето од тоа место и го земала со себе. Кучето било многу возбудено…
https://www.facebook.com/taoanimalrescue/videos/1374890689240803/?t=0
Џуди го однела кучето на ветеринар кој открил дека е потполно здраво.
Кучето сега има среќен живот полн со љубов. Има многу играчки, семејство кое се грижи и многу кучиња со кои си игра.
Сè тоа благодарение на Џуди и организацијата за животни The Abandoned Ones.
Споделете ако мислите дека сите кучиња заслужуваат дом полн со љубов…