Бебиситерка сфатила дека девојчето умира! Поради она што го направила, заслужува вистински орден!

Оваа девојка е вистински херој! Кристен Мајлс е 22-годишна Американка која работи како бебиситерка, како би ги исплатила своите студии.

Така ги запознала Џорџ и Фару Роско, чиј три деца почнала да ги чува. Најмала била Талија, девојче на возраст од 16 месеци.

Кристен ги чувала сите три деца, но родителите ја замолиле да биде посебно внимателна со најмладата ќерка.

Малечката патела од ретка болест на црниот дроб, која се заканувала да и наштети на целиот организам.


Веќе се наоѓала на листа за чекање за трансплантација на црн дроб, а родителите со месеци безуспешно барале адекваден донор.

Кристен брзо се поврзала за Талија, грижејќи се за неа. Почнала и сама да истражува начини за да и помогне.

После некои истражувања, сфатила дека во целост одговара како донор за малечкото девојче.

Без двоумење, им рекла на родителите на девојчето дека сака да биде донор. Тие се израдувале поради нејзниот гест.

Родителите за ова и понудиле пари, но таа одбила без размислување.

„Кога ги видов заедно, ми беше јасно дека ја направив вистинската работа“, рекла Кристен.

Талија брзо се опоравила, а лекарите и даваат одлични прогнози за живот.

Преубав гест, зар не?