Дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои во петокот гласаа ЗА и го поддржаа спроведувањето на Преспанскиот договор во Парламентот се соочуваат со закани на социјалните мрежи, на што полицијата реагира брзо, дознава Centar.mk.
Полицијата веќе поднела кривична пријава против едно лице, а работи и на други случаи за закани упатени преку социјалните мрежи.
Неофицијално од МВР дознаваме дека под полициска заштита се не само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласа спротивно на партискиот став поради што и беа исклучени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство.
На прашање од Centar.mk до портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на ваквите информации ни одговори
– Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците, рече Ангеловски за Centar.mk.