Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Закинтос во Јонското Море, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.
Потресот е регистриран еден часот по полноќ.
Како што пренесе грчката новинска агенција АНА, засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.