Лидерите на Европската Унија (ЕУ) планираат зајакнување на соработката со северноафриканските земји и зајакнување на европските граници, во обид да спречат влез на бегалци и мигранти во Европа.
Во нацрт соопштение што ќе биде објавено во рамки на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, се наведува дека е неопходно зајакнување на соработката со земјите од кои мигрантите доаѓаат, како и со оние земји низ кои тие поминуваат на патот до Европа.
Како што се наведува, ЕУ би требало да почне да соработува со тие земји, со цел апсење на криумчарите, а за нивно сузбивање ќе бидат формирани и работни групи.
Од 2015 година, повеќе од милион бегалци и мигранти влегоа во Европа, од кои повеќето од Сирија и Иран.
Спонзорирано: