24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 500 полицајци во Брисел се пријавиле дека се болни

Повеќе од 500 полицајци во Брисел се јавиле дека се болни и дека денеска нема да дојдат на работа изразувајќи на тој начин незадоволство од условите за работа. Полицајците тоа го прават токму кога во Брисел се одржува клучен самит на ЕУ за брегзитот.

Од нив, 520 од 2.600 полицајци во полициската зона на Брисел се јавиле дека ќе бидат отсутни од работа поради болест, а претходниот ден на боледување биле 15 отсто.

Проблеми има и во соседниот полициски сектор, каде што работат 585 полицајци и каде што во понеделникот три синдикати почнаа штрајк.

Спонзорирано: