21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТТОП ВЕСТИ

Хан за оставката на Коѕијас: Сега е најважно да се сочува договорот од Преспа

По објавата за неочекуваната оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, се огласи и еврокомесарот Јоханес Нан.

„Му благодарам на Никос Коѕијас за неговото докажано лидерство во нашите области на соработка. Сега е клучно да се зачува неговата политичка оставнина, особено Преспанскиот договор“, напиша на Твитер Хан.

Функцијата на Коѕијас ја презеде грчкиот премиер Алексиос Ципрас, за успешно комплетирање на договорот од Преспа.