21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ не се плаши од избори, треба да ги прифати барања на ВМРО-ДПМНЕ

Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и националните интереси. Затоа, очекуваме уште најмалку 10 пати во текот на денот да пуштат соопштение во кое ќе изнесат лаги против претседателот Мицкоски. Овој очај на СДСМ е пред самиот крај и веќе никаде не минува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, наместо да праќа бледи и неиздржани соопштенија, време е да почне да ја почитува волјата на граѓаните и да ги реализира предизборните ветувања.

Граѓаните знаат дека СДСМ и Заев се срам за Македонија и синоним за криминал и корупција. Самиот Заев е единствен премиер на Влада кој е аболиран и помилуван три пати, а кој ја има оштетено државата со 8 милиони евра.

Доколку СДСМ не се плаши од избори и од мнозинството граѓани, треба да ги прифати барања на ВМРО-ДПМНЕ веднаш и да овозможи избор на нова обвинителска институција, која ќе има задача да го разоткрие целиот криминал на Владата на СДСМ.

СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува државата во криминал и корупција од невидени размери. СДСМ не може да ја прикрие криминогеноста што ја прави. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ мора да си замине од власт“, се наведува во соопштението.