9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седницата за уставните измени продолжува в петок

Собранискиот спикер, Талат Џафери, ја прекина седницата за уставните измени. За утре ја закажа 60. седница по ред, со други точки на дневен ред.

Според најавите, в петок се очекува да се пристапи кон гласање на владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повика на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

„Пратеничката група заклучува дека е кажано сè и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и договорот од Преспа, кој беше отфрлен од народот на референдум. Истовремено, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: