Во Луксембург денеска се отворени гласачките места каде што граѓаните гласаат на парламентарни избори.
Гласачките места ќе бидат отворени до 14 часот попладне, а резултатите се очекуваат вечерва, објави агенцијата „Ројтерс“.
Анкетите покажуваат дека Христијанско-социјалната народна партија (ЦСВ) ќе биде во можност да стави крај на петгодишниот мандат на премиерот Хавиер Бетел.
ЦСВ, најверојатно, нема да го добие потребното мнозинство во 60-члениот парламент и ќе мора да бара сојузник во една од трите владејачки партии – Демократската партија на Бетел, Социјалистичката работничка партија или Зелените.