Најпозитивното сценарио е дека одлуката за визна либерализација на Косово ќе биде донесена во текот на оваа година, меѓутоа не е искучена можноста за одложување на процесот до крајот на следната година, пренесе РТК.
Телевизијата ја цитира и изјавата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој неодамна рече дека либерализацијата можеби нема да се случи до 2020 година, ако власта и опозицијата не се договорат и пред Европската Унија не покажат дека се исполнети критериумите за либерализација.
Меѓутоа, претставниците на опозицијата и познавачите на европските интеграции велат дека сега одлуката за укинување на визите зависи од волјата на земјите членки на ЕУ. Сепак, како што коментираат косовските медиуми, не е исклучена можноста одлуката за укинување на визите за граѓаните на Косово да биде донесена по изборите во Европскиот парламент, односно до крајот на 2019 година.