Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во 20 часот ќе оддржи Извршен одбор на кој се очекува да биде донесен патоказот за следните активности на најголемата партија во Македонија – СДСМ.
На извршниот одбор покрај Претседателот на партијата Зоран Заев, ќе бидат и највисоките членови на раководството и извршниот одбор на партијата.
Се очекува да биде донесена одлука за натамошните чекори, кои подоцна веројатно ќе бидат претставени и пред Централниот одбор на владејачката СДСМ.
Речиси се поизвесно е дека доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не се охрабрат и не ја поддржат промената на Уставот, ќе има предвремени избори на кои СДСМ влегува со капитал од над 650 илјади гласови и речиси сигурни 80 пратеници.
Спонзорирано: