24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сајмон Кауел донираше 29.000 евра за да спаси повеќе од 200 кучиња

Најстрогиот член на жирито и продуцент на шоуто „Јас имам талент”, Сајмон Кауел (58), донираше околу 29.000 евра на организацијата „Хјуман социети интернешнел” за да помогне да се ослободат повеќе од 200 кучиња кои се одгледуваат како храна за луѓето.

Сајмон претходно ја критикуваше Јужна Кореја за кучешкото месо што луѓето го користат за јадење, а сега дел од своето богатство, проценето на неколку милиони евра, донираше за спасување на животни.

„Тоа е како да го јадете својот пријател. Факт е дека јадете толку благородно, беспомошно, слатко животно“, рече Симон во шоуто „Добро утро Британија“.

Спонзорирано: