На 19 и 20 ноември 2025 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа координирана акција во која биле лишени од слобода осум лица на различна возраст. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, прашкаста материја со непознат состав и марихуана.
Сите лица се приведени во полициска станица за понатамошно постапување. Материјалите се предадени на вештачење, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежните органи.


