Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието, Гаши потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP)

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед Бин Мохамед Алџарван, го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу нашето Собрание и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).

Овој Меморандум претставува важна институционална рамка која има за цел:
• продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог;
• редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP;
• континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација;
• координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.

Инаку, Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатскиот договор со Владата на Малта, кој ѝ дава дипломатски привилегии и имунитети.

Овој Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК