Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СНЕГ ЌЕ “ТРУПА” ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.

Прогноза за 22.11.2025
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.11.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни. На повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 24.11.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ГРЦИЈА: Силни дождови и град се очекуваат и на Халкидики

ДЕСК