Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Прогноза за 20.11.2025
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 21.11.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 22.11.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.


