Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.

Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.

Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.

Во соопштението се наведува дека тој бил прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осудил на 2 години затвор за кривично дело „фалсификување валута“.

Постапките за екстрадиција ќе ги спроведат Интерпол Тирана и надлежните власти во Македонија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ ЖИВОТИ: Грција претстави дигитални решенија за побрза реакција при катастрофи

ДЕСК

ИЗМАМА ОД НАД 227.000 ЕВРА ВО ГРЦИЈА: Четворица уапсени откако се претставувале како работници на електродистрибуција

ДЕСК

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ГРЦИЈА: Силни дождови и град се очекуваат и на Халкидики

ДЕСК