24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Таксистите во Милано казнети зашто носеле шорцови

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано добиле глоба во износ од 110 евра поради носење шорцови, иако во италијанскиот град со недели температурата е до 35 степени Целзиусови, пренесоа италијанските медиуми.

Според прописот усвоен во 2016 година, таксистите, без разлика на временските услови, не смеат да носат куси панталони, маици без ракави или спортска облека, односно тренирки.

Милано е една од светските модни престолнини, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени, без оглед на модните трендови или временските услови.

Спонзорирано: