19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во септември Вучиќ и Путин ќе се состанат за Косово

Рускиот претседател, Владимир Путин, ќе се состане со својот српски колега, Александар Вучиќ, на 15 септември во Москва, каде што двајцата ќе разговараат за косовското прашање, објави „Евроазија дејли“.

Пред средбата со Путин, Вучиќ повторно ќе разговара со косовскиот претседател, Хашим Тачи, во Брисел, во рамките на дијалогот за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

За време на последната посета на Вучиќ во Москва, Путин рече дека Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во однос на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Спонзорирано: