10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бразил е светски рекордер по бројот на убиства

Бразилскиот јавен безбедносен форум, независна организација што ја следи криминалната статистика, соопшти дека во 2017 година во Бразил биле убиени 63.880 лица.

Ова претставува најголем број во историјата на латиноамериканската земја, која е прва во светот по бројот на убиства.

Форумот истакнува дека една од причините за порастот на убиствата се насилните полициски интервенции, кои продолжуваат. Имено, просечната стапка од 14 убиени од страна на полицаец во текот на еден ден претставува зголемување од 20 проценти во однос на една година порано.

Бразилскиот јавен безбедносен форум додава дека убиството на повеќе од 1.000 жени било поврзано со нивниот работен однос.

Јавната сигурност беше главна тема во програмите на кандидатите за претседателските избори во октомври.

Спонзорирано: