24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудиска Арабија им забрани влез на израелските шахисти

Саудиска Арабија не им одобри визи на израелските шахисти за претстојното првенство, соопшти потпретседателот на Светската шаховска федерација, Исраел Гелфер.

Седуммината израелски шахисти побарале дозвола за влез за да учествуваат на првенството што ќе се одржи од 26 до 30 декември. Со оглед на тоа што Саудиска Арабија не го признава Израел ниту, пак, има дипломатски односи со оваа држава, не им биле издадени визи.

Саудиска Арабија соопшти дека повеќе од 180 играчи од целиот свет ќе учествуваат на првенството, но не ја коментира информацијата за забраната за влез за изралескиот тим.

Спонзорирано: