Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Поевтино сместување во Охрид за жителите на загадените градови

Во текот на празниците како и за периодот што следува жителите на најзагадените градови во Македонија ќе може да престојуваат во некои од хотелите во Охрид по намалени цени.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, рече дека на овој начин градот сака да покаже гостопримливост и хуманост. Локалната власт веќе е во преговори со угостителите за оваа идеја.

„Ќе има намалување на цените за жителите на градовите коишто имаат висока загаденост. Сите гости од тие градови да можат да дојдат во Охрид по намалени цени и на таков начин Охрид да покаже една гостопримливост која што секако ја имаме како град, меѓутоа во овој случај ова би имало и хуманитарен апсект“, рече Стојаноски, без да прецизира за кои градови точно станува збор.

Некои од хотелите ќе нудат дури и до 50 отсто пониска цена за ноќевање. Едни од најазагадените градови во текот на изминативе недели се Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово и Битола.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе