Тетовската полиција поднесе кривични пријави против двајца тинејџери на возраст од 19 години и еден 18-годишник поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Како што информираат од МВР, на 22 месецов на тетовската улицата Димо Гавроски-Кара, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 55-годишен тетовец и неговиот 23-годишен син, при што им нанеле телесни повреди.