Министерството за внатрешни работи Ве известува дека утре 23.06.2018 година (сабота) со почеток во 10,00 часот заради поставување на бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ , Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.
Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.
Протестот за одбрана на името на државата е предвидено да почне во 20 часот пред Собранието на Република Македонија. Веќе е поставена бина за говорниците на тротоарот во паркот „Жена – Борец“.